Практикум по бази на податоци

Овој практикум има за цел да се користи како учебно помагало за совладување на материјалот од вежби заедно со краток теоретски осврт во секој дел. Тој е поделен во два дела. Поголемиот дел од задачите се преземени од поставените задачи во книгите [1],[2],[3],[4] и [5] кои воедно се и главната литера...

Full description

Bibliographic Details
Main Authors: Martinovska Bande, Cveta, Stojanova, Aleksandra, Bikov, Dusan
Format: Course Material
Language:unknown
Published: 2017
Subjects:
DML
Online Access:https://eprints.ugd.edu.mk/30804/
http://e-lib.ugd.edu.mk/588
Description
Summary:Овој практикум има за цел да се користи како учебно помагало за совладување на материјалот од вежби заедно со краток теоретски осврт во секој дел. Тој е поделен во два дела. Поголемиот дел од задачите се преземени од поставените задачи во книгите [1],[2],[3],[4] и [5] кои воедно се и главната литература за овој предмет. Првиот дел од овој практикум содржи задачи кои се наменети за аудиториски вежби по предметот Бази на податоци. Целта на овој практикум е да се прикажат основните концепти на базите со податоци заедно со решени задачи од секоја област. Овде се опфатени областите за претставување на базите на податоци преку ентитет- асоцијација (Е-R) дијаграми, претставени се моделите за релациони бази и користењето на релациона алгебра. Опфатена е нормализацијата на базите на податоци до 4-та нормална форма. Поголем осврт е даден на SQL јазикот, неговата општа синтакса и начинот на кој се извлекуваат податоците за приказ од базата на податоци. Спомната е потребата од креирање погледи и индекси и општатата синтакса за нивно креирање. Исто така се дава осврт и на правилата на интегритет при формирање на табелите и поставувањата на можни ограничувања на примарните и надворешните клучеви. Понатаму се претставени начините за правење измена на базите на податоци, со измена на редови, односно записи (нивно внесување, ажурирање и бришење-DML) и измена на постоечките атрибути, односно колони (додавање бришење на колони и бришење на цели табели-DDL).Во следниот дел се обработени тригерите и тврдењата (assertions) кои реагираат на одредени промени во базите и овозможуваат или спречуваат нивно реализирање. Следниот дел е претставувањето на XML, како стандард за меморирање, прикажување и размена на податоци во софтверската индустрија. Се прикажани неговите основни структурни особини и е даден посебен осврт на DTD кој ја дефинира валидноста на секој XML документ. На крај е претставен објектно-ориентираниот модел за приказ на базите на податоци и се претставени начини за креирање на кориснички дефиниран тип на податок (UDT). ...